Во соработка со Државнот просветен инспекторат започна реализацијата на девет месечната практична работа и обука на работно место под надзор на ментор, за нови три кандидати за инспектори за надзор над употреба на јазиците. Во текот на наредните девет месеци кандидатите за инспектори ќе имаат можност да се стекнат со знаења за материјалните закони и нивната примена во пракса, преку спроведување на практични вежби и учество на инспекциските надзори на терен.
Целта на обуката е стекнување со лиценца на инспекторите за надзор на употребата на јазиците, а преку менторството од страна на искусните инспектори од Државнот просветен инспекторат, кандидатите за инспектори ќе ги надоградат своите капацитети во делот на основните компетенции преку поседување единствен и унифициран збир на знаења и вештини, кои се од суштествено значење за работата.