По повод Европскиот ден на јазиците, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците имаше обраќање на тркалезната маса:Европскиот концепт на јазичен диверзитет во денешната реалност-Состојба и предизвици во Република Северна Македонија, во организација на Агенцијата за примена на јазикот.
Република Северна Македонија како земја на културни, верски и јазични различности на граѓаните, креира и спроведува политики кои ги развиваат вредностите на заедништво и меѓуетничка доверба. Спроведените политики претставуваат реакција на вистински потреби или проблеми на граѓните во рамките на општеството. Па така интервенциите во јазичната политика во Република Северна Македонија адресираат потреби на диверзитет и решаваат неправди во рамките на општеството. Албанскиот јазик во оваа држава службено се употребувал и во далечното минато, иако службеноста на истиот е регулирана со Охридскиот Рамковен договор и Амандманот 5 на Уставот на Република Северна Македонија уште во 2001 година. Со цел реализација на еден од клучните постулати на Охридскиот рамковен договор, односно спроведување на Законот за употреба на јазиците формиран е Инспекторатот за употреба на јазиците.
Инспекторатот има клучна улога за заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на албанскиот јазик, но и сите останати јазици на припадниците на граѓаните кои живеат во нашата земја, со цел загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија на сите заедници во Република Северна Македонија.
Јазикот е тесно поврзан со идентитетот на еден народ, во него е впишан кодот на неговите предци, тој го одразува неговиот светоглед во минатото и денес. Државата треба да им осигурува на сите да се еднакви пред системот на правото и да имаат еднакво пристап до можности.
Политиките на Република Северна Македонија имаат за цел заштита на јазичниот диверзитет како и промовирање на познавањето на јазиците како национално обележје, со цел подобра социјална и економска интеграција на граѓаните, како и можноста за полесно вработување и интегрирање во општеството.
Гарантирајќи ја можноста секој граѓанин да се обрати до институциите на државата и да добие одговори на неговиот мајчин јазик, упатува на темелната вредност кога станува збор за јазиците, а тоа е мултилингвализмот, односно повеќејазичноста. Да не дозволиме употребата на јазиците да биде предмет на поделба туку спроведувањето на повеќејазичноста да биде политика за подобар живот на сите граѓани на оваа држава.