• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Известување во врска со деветмесечната обука

Во изминатиот период при спроведувањето на деветмесечната практична работа и обука на работно место под надзор на ментор кандидати за инспектори од Инспекторатот за употреба на јазиците се стекнаа со практични знаења од областите на Канцелариско и архивско работење, Законот за општата управна постапка, Законот за инспекциски надзор и подзаконските акти од истите.

Државниот управен инспекторат преку примери и искуство од нивното спроведување на инспекциски надзор, го пренесе своето знаење на кандидатите за инспектори од Инепекторатот за употреба на јазиците сублимирано во неколку модули.

Модулот за канцелариско и архивско работење ги опфати Законот за архивски материјал, Упатството за начинот и техниката за постапување со архивски и документарен материјал како и посебна форма на евиденција за податоците што се однесуваат на инспекциската постапка и истиот беше со времетраење од 12.03.2021 – 08.04.2021 година.

Вториот модул траеше од 16.04.2021 – 22.04.2021 година и ги разработуваше темите од областа на Законот за општата управна постапка преку презентација на самиот закон, неговиот предмет, примената и основните начела кои се однесуваат на постапката, поднесоците, постапката на жалба, вонредните правни средства и слично.

Законот за инспекциски надзор и подзаконските акти кои произлегуваат од него беа опфатени во два модула, како суштествен закон и акти во инспекциската постапка. При спроведувањето на обуката од овие модули, на кандидатите за инспектори од Инспекторатот за употреба на јазиците им беа објаснети и презентирани предизвиците со кои ќе се соочат при неговата примена во пракса. Обуката за овој модул беше со времетраење од  20.05.201-03.06.2021 година.

   

Pin It on Pinterest