Успешно е спроведена интерактивната обука за кандидатите за инспектори за шестиот модул кој го опфати упатството за начинот на спроведување на инспекцискиот надзор, со времетраење од 08.06.2021-18.06.2021 година. Обуката беше спроведена on-line поради состојбата со Ковид 19 вирусот, а се со цел заштита на здравјето на учесниците на обуката. На обуката учествуваа три кандидати за инспектори од Инспекторатот за употреба на јазиците. Во спроведувањето на обуката беше вклучен обучувач од Агенција за храна и ветеринарство, при што кандидатите за инспектори беа запознаени со начинот на спроведување на инспекциски надзор, односно планирање, спроведување, затворање и документирање на надзорот.