• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Работна средба на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците и министерот за животна средина и просторно планирање

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Фатмир Исени оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

На средбата се разговараше за имплементацијата на Законот за употреба на јазиците во работењето на Министерството за животна средина и просторно планирање. Институциите се согласија дека импелментацијата на Законот за употреба на јазиците е значајна и при спроведувањето и реализацијата на проектите поврзани со зачувување на животната средина, чиста и здрава животна средина е за добробит на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Двете институции се согласија и во иднина да продолжи заедничката соработка и поддршка.

Pin It on Pinterest