• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

20 години од Охридскиот рамковен договор

На 13 август 2021 година навршуваат 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Договор кој придонесе за зголемување на кохезивно општество, еднакво и едно општество за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Нормативниот дел којшто произлегуваше од Охридскиот рамковен договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Северна Македонија се заокружи со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, и сите останати законски измени и подзаконски акти за правична застапеност.

Со цел реализација на еден од клучните постулати на Охридскиот рамковен договор, односно спроведување на Законот за употреба на јазиците формиран е Инспекторат за употреба на јазиците. Инспекторатот за употреба на јазиците има клучна улога за  заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на албанскиот јазик, но и сите останати јазици на припадниците на граѓаните кои живеат во нашата земја, со цел загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија на сите заедници во Република Северна Македонија.

Охридскиот рамковен договор е еден од најважните документи на Северна Македонија, документ кој го гарантира мирот, стабилноста, правичната застапеност и социјалната кохезија во Република Северна Македонија.

Pin It on Pinterest