• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Фатмир Исени – Директор на Инспекторатот за употреба на јазиците

Биографија:

Фатмир Исени е роден во с. Пирок, општина Боговиње на 28 мај 1982 година.

Основното и средното образование го завршува во родното место. Дипломира во 2007 година на Факултетот за бизнис и администрација, насока Маркетинг при Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово.

Од октомври 2009 година до декември 2011 година вработен е во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија.

Од декември 2011 година до неговото назначување како директор работи во Министерството за финансии, како дел од тимот на Министерството одговорен за креирањето на политиките на системот на осигурување во Република Северна Македонија.

Од 28 декември 2019 година е назначен за директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.

На локалните избори во 2017 година е носител на советничката листа на Демократската унија за интеграција во општина Боговиње. Од ноември 2017 до декември 2019 година е член на Советот на општина Боговиње.

Исени зборува албански (мајчин јазик), македонски, англиски и хрватски јазик.

Оженет е и татко е на 1 дете.

контакт е-маил: fatmir.iseni@iuj.gov.mk

Pin It on Pinterest