• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Инспекторат за употреба на јазиците, Инспекциски совет и Државен управен инспекторат-24.02.2021

На ден 24.02.2021 година, во просториите на Инспекциски совет, г.Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за употреба на јазиците, членот Јулијана Силјановска, по овластување на претседателот на Инспекциски совет и г-ѓа Кети Василеска, в.д. директорка на Државениот управен инспекторат потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Инспекторат за употреба на јазиците, Инспекциски совет и Државен управен инспекторат.

Целта на овој Меморандум за соработка е обезбедување на стручна поддршка од страна на Државениот управен инспекторат, во исполнувањето на обврските на Инспекторатот за употреба на јазиците за спроведување на деветмесечната практична работа и обука на работно место, за стекнување на лиценца за инспектор, за кандидатите за инспектори за надзор над употребата на јазиците, под надзор на ментор.

По завршувањето на деветмесечната практична работа и обука на работно место, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ги добие првите инспектори за надзор над употребата на јазиците, кои ќе вршат инспекциски надзор над примената на Амандманот V од Уставот на Република Северна Македонија и на одредбите на Законот за употреба на јазиците, на територијата на Република Северна Македонија, од страна на сите надлежни институции.

 

Pin It on Pinterest