Со реализирањето на јавниот оглас, на 22 октомври 2020 година се вработија првите инспектори за надзор над употребата на јазиците. За добивање на лиценца за инспектори за надзор над употребата на јазиците, согласно Законот за инспекциски надзор, инспекторите треба да посетуваат интерактивната обука во траење од 3 (три) месеци за општ дел, по што ќе посетуваат 9 (девет) месеци практична работа и обука на работно место под надзор на ментор. Во организација на Инспекциски совет, инспекторите од Инспекторатот за употреба на јазиците 2 (два) месеца посетуваат интерактивна обука за општиот дел.