• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Обука на кандидати за инспектори 2021

Во организација на Инспекциски совет, на ден 14.04.2021 година, три нови кандидати за инспектори од Инспекторатот за употреба на јазиците, почнаа со интерактивната обука за општ дел во траење од три месеци за добивање на лиценца за инспектори за надзор над употребата на јазиците, согласно Законот за инспекциски надзор.

Во тек е и практичната работа и обука на работно место под надзор на ментор за трите кандидати за инспектори кои веќе успешно ја поминаа обуката за општиот дел. Практичната работа и обука на работно место под надзор на ментор согласно Меморандумот за соработка ја спроведува Државниот управен инспекторат.

Pin It on Pinterest