На 114-тата седница на Собранието на Северна Македонија беше донесен Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.
Овој закон доаѓа со цел да се надгледува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, како гаранција за неговата примена.
Да се чека или не за конечното мислење на Венецијанската Комисија беше едно од прашањата што се дискутираа денес за време на расправата во Собранието, нагласувајќи дека оваа Комисија има сериозни забелешки на Законот за употреба на јазиците.