• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ПОСЕТА НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ

На 25.10.2023 година делегација од Канцеларијата на Комесарот за јазици на Република Косово, го посети Инспекторатот за употреба на јазикот.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците ја пречека делегацијата во просториите на Инспекторатот каде се разговараше за различни прашања за соработката во однос на размената на искуства во спроведувањето на двојазичноста во овие две земји со слични јазични прашања. Се разговараше и за можноста за проширување на соработката меѓу двете институции  во блиска иднина.

Посетата беше заокружена со дискусии и согласност од двете страни дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Pin It on Pinterest