Согласно член 6 од Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 220/19 и 42/20) Инспекторатот за употреба на јазиците врши надзор над примената на Амандманот V од Уставот на Република Северна Македонија и на одредбите на Законот за употреба на јазиците, на територијата на Република Северна Македонија од страна на сите надлежни институции. Инспекторатот, надзорот го врши преку инспектори за надзор над употребата на јазиците.
Правните и физичките лица, здруженија и граѓаните можат да поднесат иницијатививи, претставки и предлози до Инспекторатот за употреба на јазиците во врска со повредата на прописите кои се во надлежност на Инспекторатот. Инспекторатот за употреба на јазиците по поднесените иницијативи постапува согласно Закон за инспекциски надзор, а кон доставените претставки и предлози согласно Законот за постапување по претставки и предлози.
ПОДНЕСЕТЕ ОНЛАЈН ИНИЦИЈАТИВА/ ПРЕТСТАВКА/ ПРЕДЛОГ ДО ИНСПЕКТОРАТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ
Доколку иницијативата/претставката/ предлогот го поднесете анонимно Инспекторатот за употреба на јазиците нема да биде во можност да ви прати одговор или од вас да побара дополнителни информации.
Пополнувањето на формуларот се врши по електронски пат. Истиот може да го доставите и преку архивата на Инспекторатот.
Согласно Законот за заштита на лични податоци, Инспекторатот за употреба на јазиците, Ве уверува дека податоците оставени на нашата веб-страна нема да бидат злоупотребени, објавени во било каков медиум или споделени со друго трето правно, односно физичко лице.
Со почит,
Инспекторат за употреба на јазиците