На 01.03.2023 година, Инспекторатот за употреба на јазиците потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Со овој Меморандум се уредуваат начините и условите за соработка меѓу двете институции во различни области како што се размена на податоци заради поефикасно работење на двете институции, размена на податоци поврзани со вработени како и можностa за обезбедување професионална поддршка помеѓу две институции.
Се надеваме дека оваа соработка и овој Договор ќе им помогнат на инспекциските служби во спроведување на постапките за инспекциски надзор преку обезбедување пристап до потребни и точни податоци во рамките на нивните законски овластувања.
Сакаме да ја истакнеме и подготвеноста на Агенцијата за вработување во однос на примена на албанскиот јазик.