На 26.10.2022 година, Инспекторатот за употреба на јазиците потпиша договор за соработка со Инспекцискиот совет. Со оглед на тоа што нашата инспекциска служба е дел од проектот „Развој на е-инспектор“, кој има за цел електронска поддршка на инспекциските служби во Република Северна Македонија, каде што ќе се овозможи поврзување на посреден корисник на единствената средина за размена на податоци и документи по електронски пат, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците потпиша договор со Инспекцискиот совет.
Се надеваме дека оваа соработка и овој Договор ќе им помогнат на инспекциските служби во постапките на инспекциски надзор преку обезбедување пристап до ажурирани и точни податоци во рамките на нивните законски овластувања.
Сакаме да го истакнеме и придонесот на Инспекторатот и директорот на оваа институција за договорите со другите инспекторати да се склучуваат и на албански јазик.