• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Средба на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците со амбасадорот на Република Албанија во земјата

Денес 22.03.2022 година во просториите на Инспекторатот за употреба на јазиците директорот г. Фатмир Исени оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во земјата, г. Фатос Река.
На средбата г. Исени го информираше амбасадорот Река за предизвиците со кои се соочи Инспекторатот за употреба на јазиците од неговото формирање, за неговото функционирање и за сеопфатната тековната работа, како и за идните планови и активности.
На средбата од двете страни се  изрази подготвеност за идна соработка во делот на организирање на заеднички проекти.

Pin It on Pinterest