Денес, како и секогаш, имавме координативна средба со инспекторите од Инспекторатот, на која се разговараше за многу прашања поврзани со работата и активностите на инспекцискиот надзор. Исто така, на оваа средба ја искористив приликата да им се заблагодарам на сите инспектори како и на останатите колеги за придонесот во работата на Инспекторатот.
Имајќи предвид дека е последен состанок за ова година и дека се ближи крајот на годината, во знак на благодарност до моите колеги, јас како директор на Инспекторатот споделив новогодишни пакети за секој колега.
Многу сум среќен што ја завршуваме оваа година со успех и се надеваме за уште една успешна година!
Директор
Арсим Идризи