Денес, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, г. Фатмир Исени, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ г. Илбер Села. Имплементацијата на Законот за употреба на јазиците, неговата примена и отпочнувањето со инспекциски надзор беа теми на работната средба.
Двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу Инспекторатот за употреба на јазиците и Агенцијата за примена на јазикот на РСМ е на високо ниво и дека истата ќе продолжи и во иднина со цел обезбедување на еднакви можности на граѓаните во остварување и заштита на своите права.