Инспекторатот за употреба на јазиците ја завршува 2024 година со многу успеси.
Во изминатата година, Инспекторатот спроведе низа инспекциски надзори кои имаа две цели: првата беше да се види и разбере дали институциите го спроведуваат Законот за јазиците, а втората да им се помогне на институциите како да постапуваат и каде да се обратат за најдобро спроведување на Законот за употреба на јазиците, односно инспекцискиот надзор беше насочен кон унапредување на албанскиот јазик во пракса.
Инспекторатот за употреба на јазиците, исто така, спроведе серија состаноци со домашни и меѓународни делегации, каде беше дискутирано за загриженоста и тешкотиите со кои се соочуваме на терен со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците. Како резултат на овие состаноци, дадени се ветувања дека следната година ќе бидат ангажирани за да му помогнат на Инспекторатот со обуки во областа на инспекцискиот надзор и други области.
Меѓуинституционалната соработка беше интензивна и успешна, која се забележува преку високата посветеност во подобрување на условите за употреба на албанскиот јазик во институциите и во администрацијата.
Во 2025 година, Инспекторатот ќе продолжи ефикасно да ги извршува своите законски должности и професионални одговорности.
Скопје, 31 декември 2024 година
Директор
Арсим Идризи