Почитувани граѓани,
Инспекторатот за употреба на јазиците се чувствува должен да го одбележи овој ден како голем и важен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, особено за албанскиот народ. Во 1908 година, во Битола се одржа Конгресот на азбуката, како камен-темелник за зачувување и култивирање на албанската култура. Важно е да се напомене дека овој Конгрес донесе дополнително богатство на мултикултурниот карактер на нашата земја.
Инспекторатот за употреба на јазиците посакува Денот на азбуката, како важен ден, да биде и да остане скапоцено богатство за сите граѓани на РСМ.
Со почит,
Директор
Fatmir Iseni