Светот денес го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари), кој УНЕСКО го прогласи за меѓународен ден во 1999 година. Овој ден се слави низ целиот свет со разни активности насочени кон зачувување и унапредување на мајчините јазици.
Нашата земја, како и многу други земји во светот, се карактеризира како мултиетничка и повеќејазична земја, односно во нашата земја се зборуваат повеќе различни мајчини јазици. Токму овој јазичен соживот Инспекторатот за употреба на јазиците има за цел да го стимулира и помогне преку спроведување на Законот за употреба на јазиците.
Во име на Инспекторатот, на граѓаните на Република Северна Македонија и сите други народи во светот, им го честитаме овој ден.
Директорот
Fatmir Iseni