• mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq
  • en

Соопштение – 18.11.2020

Почитувани,

 

Владата на Република Северна Македонија, водена од потребата за внатрешна интеграција и кохезија помеѓу различните заедници и култури во нашето општество, а со цел развивање на нашата земја како едно, правично и еднакво мултикултурно општество коешто се грижи за различностите, ги поддржува универзалните права и обезбедува еднаков пристап до услугите и заштитата за сите граѓани ми ја додели честа, но во исто време ми даде голема одговорност со тоа што ме назначи на чело на Инспекторатот за употреба на јазиците.

Инспекторатот за употреба на јазиците е ново формирана институција која е надлежна за целосно и доследно спроведување на Амандманот V од Уставот на Република Северна Македонија, како и на одредбите од Законот за употреба на јазиците на територијата на Република Северна Македонија, од страна на сите надлежни институции.

Со цел отчетност, транспарентност, информирање и континуирано известување за сите активности и новости поврзани со работењето на Инспекторатот за употреба на јазиците, Ве известувам дека во официјална употреба е веб страницата на Инспекторатот за употреба на јазиците која може да ја најдете на следниот линк: www.iuj.gov.mk.

Преку веб страницата подетелно ќе се запознаете со мисијата, визијата, структурата, идните планови и приоритетите на Инспекторатот, и во континуитет ќе можете да ги следите сите активности на Инспекторатот за употреба на јазиците поврзани со спроведувањето на Амандманот V од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

Грижата за граѓаните на Република Северна Македонија во остварувањето на нивните права кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците пред надлежните институции, е еден од приоритетите на Инспекторатот за употреба на јазиците. За таа цел, на нашата веб страницата ќе најдете посебен дел наменет за тоа. Преку линкот Пријава од граѓани https://iuj.gov.mk/mk/prijava/ Инспекторатот за употреба на јазиците Ви овозможува лесно и брзо да ги доставите сите Ваши поплаки, претставки, жалби, ограничувања или нарушувања при остварувањето на Вашите права, но и иницијативи за подобрување на нашето работење или пофалби за сработеното.

Инспекторатот за употреба на јазиците ја очекува Вашата поддршка и соработка со цел унапредување на употребата и примената на јазиците коишто ги зборуваат граѓаните на Република Северна Македонија, во согласност со Законот за употреба на јазиците.

Ви благодарам.

Fatmir Iseni, директор

Pin It on Pinterest