Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Фатмир Исени, денеска присуствуваше на состанок во организација на Владата на Република Северна Македонија, на кој беа присутни и претставници од други инспекторати кои дискутираа за динамиката на дигитализација на инспекциските служби. Од особена важност е да истакнеме дека Инспекторатот за употреба на јазикот има свои претставници во оваа работна група каде што бара Е-инспектор да биде достапен и на албански јазик. Ова ќе им овозможи на граѓаните услугите да ги добиајт на јазикот кој тие го зборуваат, што е загарантирано со закон.
Се надеваме дека ваквите соработки ќе продолжаат и со другите институции на РСМ каде што ќе можеме да придонесеме за подобрување на квалитетот на услугите за нашите граѓани.