Инспекторатот за употреба на јазиците ја искористува приликата да им честита на сите Албанци овој многу важен ден за нашиот народ. На овој ден на 22 ноември 1908 година беше основана азбуката на албанскиот јазик. Овој ден не е важен само за албанскиот народ, туку и за целата држава и светот, бидејќи образованието и образовниот напредок носат само добрина, кохезија и толеранција во светот. Ние како Инспекторат се чувствуваме горди што ја имаме главната улога во зачувувањето и спроведувањето на јазиците во РСМ, негувајќи го понатамошниот развиток на албанскиот јазик и азбука.
Овој свети албански јазик, како еден од јазиците кои се зборуваат и се користат во нашата држава, да се чува и понатаму да се промовира неговата точна и континуирана употреба, бидејќи само на тој начин ќе се развие албанското размислување.
Инспекторатот за употребата на јазиците, предводен од неговиот директор, како и вработените на истиот, со многу задоволство на граѓаните на РСМ му честитаат Денот на азбуката на албански јазик.