Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците оствари работна средба со Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците г. Артан Груби.
На средбата се разговараше за имплементацијата на Законот за употреба на јазиците во државните институции, а директорот го информираше Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците за сработеното, тековните активности и идните планови на Инспекторатот за употреба на јазиците.
Двете институции се согласија и во иднина да продолжи заедничката соработка и поддршка.